3D/2D RTG кабинет
Planmeca ProMax 3D- Стоматолошки CBCT слики со врвен квалитет
Поддржува различни типови на 3D стоматолошки Ртг слики (CBCT), како и панорамско, екстраорално во загриз (BiteWing) и kефалометриско снимање (TeleRtg) со сите модули кај нас. Понатаму со можноста на 3Д сликање на лицето (ProFace), интраорланото скенирање навистина креираме виртуелен пациент во 3Д формат кој ни користи скоро во сите области на стоматологијата.
Уживајте во висок квалитет на 3D слика - секогаш во оптимална доза на пациентот.
3D/2D RTG кабинет
Премиум квалитет на слика
Преполн со интелигентни високотехнолошки решенија и алгоритми, Planmeca ProMax 3D нуди процес на сликање без напор и со кристално јасни слики - исто така во мала доза. Единицaта е дизајнирана да спречи човечки грешки при CBCT сликањето, со достапни опции за корекција на несаканите микро движења на пациентите Planmeca CALM®, намалување на артефактите со Planmeca ARA™ и отстранување на шумови кои ја прават сликата нејасна со Planmeca AINO™, и сосема нов алгоритам Planmeca CORE™ и SmartPan™ за сликање на забите кој обезбедува совршени детални панорамски слики.
Патентирана технологија SCARA - Selectively Compliant Articulated Robot Arm, (селективно усогласена артикулирана роботска рака) гарантира анатомски прецизна геометрија на слика.
3D/2D RTG кабинет
Снимање со Ultra Low Dose™
Нашиот уникатен протокол за сликање Planmeca Ultra Low Dose™ е водечки метод во светот за добивање CBCT слики при ниски ефективни дози на пациентите. Тоа ни овозможува да соберат повеќе информации отколку од стандардните 2D панорамски слики во еквивалентна или дури и помала доза на пациентот без статистичко намалување на квалитетот на сликата - како што е и докажано во различни научни студии. Употребата на протоколот и неговите придобивки се испитувани и научно докажани во различни студии.
3D/2D RTG кабинет
Сеопфатен софтвер за слики
Planmeca Romexis® е водечка софтверска платформа за стоматологија. Обезбедува богат сет на алатки за исполнување на барањата за сликање поставени од која било стоматолошка установа. Софтверот ги поддржува сите 2D и 3D стоматолошки слики, како и CAD/CAM работа и нуди широк спектар на алатки за сите специјалности и специјалисти.
3D/2D RTG кабинет
Planmeca ендодонтско снимање
Ендодонтскиот режим Planmeca Еndodontic Imaging Mode нуди исклучително висока резолуција. Оптимален за снимање и на најмалите детали, режимот овозможува прецизна дијагностика и планирање третман.
Planmeca ProMax 3D целосно го поддржува испитувањето дури и на најфините анатомски детали. Ова го прави идеален избор за ендодонтско снимање и други случаи кои бараат особено прецизна дијагностика и планирање на третман.
3D/2D RTG кабинет
Planmeca ProFace®
Planmeca ProFace® е ексклузивна опција за 3D фотографирање на лице за сите наши CBCT единици. Користи интегрирана камера за да произведе реална 3D фотографија на лице и CBCT слика во една сесија. Можете исто така да направите посебна 3D фотографија на лице без да го изложите вашиот пациент на какво било зрачење. Тие автоматски се комбинираат во софтверот за сликање Planmeca Romexis® за да се создаде виртуелен пациент за ваша и наша погодност.
Сликите снимени со Planmeca ProFace се привлечни и идеални за мотивација и едукација на пациентот. Тие исто така може да се складираат во софтверот Romexis за цели на фотореалистична документација.
Нашиот софтвер за сликање Planmeca Romexis® обезбедува повеќекратни ефективни алатки за мерење, споредување, прилагодување и наметнување (суперимпозиција) на сликите на Planmeca ProFace.
Флексибилното експортирање и споделување на фотографиите на Planmeca ProFace се корисен начин за споделување информации со колегите. Тие, исто така, може лесно да се извезат во посебен софтвер за симулација на ортодонција и хирургија од трета страна.