Дигитална стоматологија

Што значи „Дигитална стоматологија“?

Дигиталната стоматологија се однесува на дијагностички техники, стоматолошки изработки и третмани кои вклучуваат употреба на дигитална – компјутерски контролирана технологија. Дигиталната Стоматологија не е нешто од иднината. Таа се случува и практикува секојдневно и во нашата ординација Д-Р ИЛИЕВ.

Важно е да се спомне дека дигиталната стоматологија не е замена за знаењето, стручноста и вештината на стоматологот. Врвна дигитална стоматологија нема да направи врвен стоматолог, но денес е неопходна за да се бави со врвна стоматологија.

Секоја ординација и терапевт не произведува ист резултат.

Дигиталната стоматологија ни овозможува да имаме процедури кои се максимално прецизни, високо естетски изработени од најквалитетни материјали и тоа во најкраток рок ( понекогаш и во истиот ден) и на покомфорен начин.

Побрзо, Попрецизно, Покомфорно, Поефикасно


[DESNO ROMEXIS VIDEO]

Што значи „Дигитална стоматологија“?
Софтвер „Romexis“

Дигитална стоматологија

Софтвер „Romexis“

Дигиталната стоматологија брзо напредува. За да бидете сигурни дека секогаш можете да ја користите најдобрата достапна технологија. Ние се одлучивме за Planmeca и најновиот софтвер Romexis 6 (6.4.5).

Planmeca Romexis® е најмоќната стоматолошка софтверска платформа во светот .Romexis овозможува снимање, прегледување и обработка на сите видови податоци во истиот систем – со сите 2D и 3D слики и CAD/CAM куќишта во истата база на податоци. Обемните специјалистички алатки на стоматолошкиот софтвер, можностите за следење во реално време и уникатното поврзување со опремата помагаат да се направи секој ден поефикасен и попријатен.

Дигитална стоматологија

3Д виртуелен пациент - процедура

Прва цел е создавање на 3Д виртуелен пациент што со некои други зборови претставува дигитално клонирање на пациентот што ќе ни овозможи понатаму да се спроведат разни дијагностички анализи за да се воспостави правилна дијагноза и креира соодветен план на третман.

Целата прцедура се изведува комјутерски водено по дигитален пат и се состои во:

Спроведување на дијагностичките претраги:

  • фотографии 2Д и 3Д- Proface
  • интраорално скенирање наместо зимање на отпечаток со отисни маси
  • дигитална рендгенографија ( 2Д- ретроалвеларни, панорама, телерендген и 3Д компјутерска томографија... )

Анализа и поставување на дијагноза:

  • оклузална функционална анализа
  • лицева и анализа на насмевката
  • ортодонтски краниометриски и гнатометриска анализа
  • итн...

Создавање на соодветен план на терапија:

ортодонтски, хируршки, имплантолошки, протетски, ендодонтски...

Сите овие технологии и собрани податоци се спојуваат во моќни софтверски алатки при што е можно да се изведе:

дигитално дизајнирање на насмевката ( digital smile design ) каде пациентот може да види однапред како ќе изгледа, да се изработат ортодонтски алајнери за исправање на забите, хируршки имплантолошки водичи за попрецизно вградување на имплантите и изведба без употреба на рез и шиење, па до изработка на привремени и финални CAD-CAM изработки- инлеи, онлеј, коронки, мостови итн...не е само достапно туку е сето имплементирано во нашата секојдневна пракса


3Д виртуелен пациент - процедура 3Д виртуелен пациент - процедура
3Д виртуелен пациент - процедура