Вашата безбедност
Програм на инфекциона контрола
Во нашиот третман постои комплетен протокол на спречување на вкрстена инфекција, безбедност на пациентите по најновите стандарди без компромис.
Инфекциската контрола како претпазливост и спроведување на мерки за спречување на појава на вкрстена инфекција и ширење на болести се спроведува ригорозно и со максимална сериозност. Во нашите здравствени установи -општа и специјалистичка ординација постои ПРОГРАМ НА ИНФЕКЦИОНА КОНТРОЛА кој се спроведува од нашите вработени за што се специфично обучени.
Вашата безбедност
Нашата ординација
Во нашата ординација ќе наидете на чиста, климатизирана и комплетна дезинфицирана средина. Работните места се комплетно дезинфицирани и прекриени со еднократно употребливи бариери за секој пациент.
Целокупниот инструментариум и дополнителните алатки и додатоци што ќе ги употребиме се стерилни или за еднократна употреба. Средствата за лична заштита на персоналот се исклучиво за еднократна употреба и се спроведува според донесениот елаборат за безбедност на работа.
Вашата безбедност
Материјали
Материјалите се од најреномираните светски брендови по најновите светски стандарди на безбедна употреба и без Бисфенол А – BPA во својот состав, кој може да биде штетен за Вашето здравје и е често застапен во поефтините или вон високостандардни стоматолошките материјали.
Вашата безбедност
Воздух
Воздухот е прочистен, филтриран и климатизиран, а оперативните простории се редовно третирани со гермицидни УВ ламби кои имаат широк бактерициден спектар.
Вашата безбедност
Вода
Водата во приемното одделение од апаратот е филтрирана со мембрани за 5-6 реверзна осмоза и е од прва категорија вода за пиење. Водата што се употребува во целата ординација е филтрирана со реверзна осмоза , а во стоматолошките столици е дополнително третирана со Oxygenal 6 – внатрешна дезинфекција на водната инсталација во машините. За другите апарати како за стерилизација или Ултразвучно чистење се употребува редестилирана вода.
Водата за ладење на работната површина во усната празнина и насадните инструменти е медицинска стерилна редистилирана вода или физиолошки раствор (при работа со физиодиспензер и пиезо хириргија).
Вашата безбедност
Кофердам
Кофердам – претставува преграда со гумена изолација на забот и останатите делови на усната празнина ( јазик, образ,забно месо). Со неговата употреба се обезбедува суво работно поле, спречена е контаминација на забот од бактериите во пљувачката и усната празнина од надворешната средина, штити од залетнување на делови во грлото , можно проголтување или аспирација на несакани делчиња, штити од врели и оштри инструменти. Комфорот и безбедноста на пациентот се подигнува на ново далеку повисоко ниво, оттаму и редовната употреба на кофердам претставува императив во модерната стоматолошка пракса.
Вашата безбедност
Рендген снимање
Рендген снимањето се врши со најнов дигитален 3D/2D Planmeca Promax CBCT РТГ уред со најниско можно јонизирачко зрачење. Се употребува уникатен сертифициран ULD ( ultra low dose) протокол на снимање. При снимање дополнително употребуваме заштитна оловна кецела, како и РТГ просторијата е заштитена од пренос на јонизирачко зрачење надвор од истата. Рентген кабинетот работи со уредна дозвола од Дирекцијата за радијациона сигурност.
Вашата безбедност
Екологија
Нашата ординација води грижа за нашата околина во сите сегменти така и отпадот се селектира во медицински отпад. Дополнително нашите стоматолошки унити се опремени со водени сепаратори со што се врши сепарација на штетните елементи и остатоци од отпадните води кои посебно специфично се третираат. Континуирано бараме начини да ја унапредиме заштитата на нашата околина преку нашата професионална активност.
Вашата безбедност
Лични податоци и медицинската документација
Вашите лични податоци и медицинска документација се обработува според донесениот елаборат во согласност со законот за заштита на лични податоци. За нашите лојални пациенти е обезбедена дигитална интерактивна комуникација со добивање на картица со можност на директно поврзување на заедничките документи, слики и линкови на сите наши активности во интернет просторот.