Ценовна политика и гаранција
Ние стоиме зад нашата работа - гаранција
Промовираме редовна превентивна здравствена заштита како и здравствена едукација. Ние стоиме зад нашата работа ! Пациентите ги третираме како што би наш најближен. По вистината, реалноста и подршката на нашите изработки сме препознатливи и можат да уживаат доживотно во добро орално здравје.
Филозофијата на ПЗУ Д-Р ИЛИЕВ се темели на позитивни искуства изградена на доверба, третирајќи ги нашите пациенти како посебни индивидуи со индивидуален пристап. Секоја состојба не е иста и не може да се генерализира гаранцијата. Ист вид на изработка не трае и функционира исто во различни ситуации и пациенти. Ние веруваме во здравствената етика и морал, а не здравство како гол бизнис. Оттаму е и нашиот пристап на етична гаранција на нашите изработки кој се промовира како единствено исправен и од светската здравствена организација. Во случај да утврдиме несоодветна изработена изработка во првите 12 месеци од изработката (следена најмалку на три месеци во тој период или ако не е советувано поинаку), ние ќе ја корегираме или ако е неизбежно и замениме без дополнителни доплати.
ВАЖНО!!!
Редовните контроли на 6 месеци (ако докторот не советувал поинаку) со спроведување на професионално чистење, дијагностика и следење на промените и рано корегирање на почетни проблеми или оштетувања на изработките , одржување на висока специфична орална хигиена, добра и комплетна хигиена на живот, добра здравствена кондиција, соодветна употреба на џвакалниот апарат (без лоши навики, бруксизам итн.., гризење на цврсти предмети, храна , мраз или слично), дисциплинирано носење на ноќен штитник или други упатства на соодветно и специфично одржување и чување на денталните изработки, избор на примарниот третман предложен од докторот - комплетно спроведен и изработена рехабилитација без компромис, без самостално прилагодување на изработките се предуслов за трајност на истите.