Процедура

Вашата прва посета

Процедура

Пред да ја посетите нашата ординација најавете се, за да се спроведе телефонска епидемиолошка анкета и закаже термин. Одвоите доволно време за посета на стоматолог.

При Вашата прва посета ќе Ве замолиме да пополните медицински прашалник и изјава за согласност преку кои ќе добиеме информации за Вашата општа здравствена состојба кои ќе помогнат да одредиме каква медицинска и стоматолошка нега Ви е потребна.

При влез во нашата ординација дезинфицирајте ги рацете и наметнете навлаки на Вашите обувки со помош на апарат поставен веднаш по влезот во приемното одделение. Во приемното одделение во пријатна и модерна атмосфера може да се послужите со освежителни пијалоци, да прочитате дневна штампа или да се запознаете со процедурите и нашите услуги и историјат или пак да користите интернет со WiFi пристап. Почекајте го асистентот кои ќе Ви даде инструкции за понатамошното владеење и ќе Ве спроведе низ приемните и до оперативните простории.

Вашата прва посета

Дијагноза и план на третман

Сето ова е потребно да ја одредиме Вашата здравствена состојба, да ја детерминираме комплексноста на проблемот и поставиме правилна дијагноза и потреба и да Ви предложиме соодветен правилен стоматолошки план на третман за чија презентација понекогаш е потребно и дополнително видување. 

Сето за да одговориме за какви промени или заболување се работи и кои се причините за истите, дали може проблемот да биде решен и какви резултати може да се очекуваат. Кога треба да се отпочне, на каков начин, со кои средства и методи може да се постигне саканиот резултат, можните ризици, потребното време за третманот, рехабилитација или реконструкцијата, инструкции за време на третманот, кој е Вашиот успех, бенефиција и инвестиција. Ќе Ви дадеме и информатори да се запознаете подетално за стоматолошките интервенции потребни во Вашиот случај.

Чувствувајте се слободно да прашате се во врска со Вашиот стоматолошки план на третман.

Дијагноза и план на третман
Ви Благодариме на Вашиот избор, доверба и за секоја посета!

Вашата прва посета

Ви Благодариме на Вашиот избор, доверба и за секоја посета!